+389 2 2531 000
info@eurodairy.com
Euro Dairy
Одбери јазик

Млечните производи придонесуваат за постигнување здрава и урамнотежена исхрана и го подобруваат квалитетот на животот. Нашата најголема одговорност е овие природни и вкусни производи да ги доставиме до потрошувачите од сите возрасти. 

Ние сме големо семејство на експерти што работат на производство на висококвалитетни млечни производи во нашите капацитети, опремени со меѓународни системи за обезбедување на квалитетот, врвна технологија и ефикасно управување со синџирот на снабдување. Го сакаме и го почитуваме нашиот бизнис. Посветени сме на него. Се поддржуваме и си помагаме едни со други и веруваме во моќта на споделената мудрост.

Семејството на EuroDairy постојано ја унапредува својата експертиза, како и своите процеси и технологии. Со нетрпение очекуваме да запознаеме креативни, иновативни, ентузијастички колеги што ја прифаќаат нашата мисија, ја споделуваат нашата визија, ги усвојуваат нашите вредности, покажуваат подготвеност да превземат одговорности на меѓународната платформа и уживаат во тимската работа со цел да ни се придружат во производството, продажбата, финансиите и управувањето.

Нашата политика за регрутирање нè води кон вработување компетентен човечки капитал со висок потенцијал, ги нуди правилните алатки и методи за обезбедување еднакви можности за сите кандидати и нивно правилно поставување. Кандидатите до кои доаѓаме преку различни канали врз основа на описот на работното место се вклучени и во процеси на оценување приспособени за секоја позиција. Покрај стандардното интервју, нашите оценувања вклучуваат и анализи на личноста, тестови за англиски и општи способности, како и студии на случај врз основа на нивото на позицијата и на барањата. 

Дали сте заинтересирани да ни се придружите?

За да аплицирате, пратете го вашето мотивациско писмо и вашата кратка биографија на нашата адреса на е-пошта hr@eurodairy.com